Познат македонски новинар приведен за семејно насилство, ја претепал сопругата

Македонија

Познат македонски новинар и сопственик на портал, поради семејно насилство бил приведен во полиција. Тој физички ја нападнал својата сопруга, вчера, во семејниот дом во Скопје. А, пак, ден претходно, новинарот пријавил во полиција дека тој бил нападнат од сопругата. Семејното насилство, неофицијално, било пријавено од соседите, при што набргу по дојавата, во домот на брачниот пар пристигнале полициски службеници, кои всушност и самите биле сведоци на немилиот настан што се одвивал во присуство на нивното малолетно дете.

„На 16.1.2019 година во СВР-Скопје околу 23.07 часот С.И. (38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.1.2019 околу 2 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираа од СВР-Скопје

Please follow and like us: