Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот. Градоначалникот и амабасадорот разговараа и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање […]

Повеќе

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод 11 октомври – Денот на Народното востание

Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на Народното востание со кое нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Граѓаните на Македонија знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со делегација на турскиот град Болу

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со делегација на Стопанската и индустриската комора на градот Болу од Република Турција. Делегацијата беше предводена од претседателот на Управниот одбор на комората, Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, Ајдоган Текин. На средбата присуствуваа и претставници на стопанскиот сектор, претставници на различни индустриски капацитети и туристички организации […]

Повеќе

(ФОТО) Пецаков: Обезбедивме подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј

Обезбедивме подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. “Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните […]

Повеќе

Пецаков по обвинувањата од општина Струга: Да се осудат да коментираат за неодговорно работење оние чие раководство е впишано на меѓународните црни листи за злоупотреби во најмала рака е трагикомично

Иако немам навика да реплицирам на секоја изнесена лага во јавност, во овојслучај чувствувам потреба тоа да го направам, да одговорам на лагите изнесени од Општина Струга, иако сум уверен дека тоа нив ништо не им значи бидејќи нивното функционирање е засновано на „купи ден помини“, се вели во реакцијата на градоначалникот Кирил Пецаков, во […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков: Со сопствени средства за ЈП „Нискоградба“ набавивме багер – натоварувач

Со сопствени средства за ЈП „Нискоградба“ набавивме багер – натоварувач. Од страна на компанијата од каде е набавен багерот, денес, во кругот на ЈП „Нискоградба“ ни беше извршена презентација за можностите на возилото, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. “Вредноста на багерот изнесува околу 7 милиони денари. За споредба во минатото за […]

Повеќе

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните на Охрид.  – 8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава. Овој празник е ден за заедничка радост и споделување […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков со честитка за новата учебна година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности

Со најискрени желби за многу училишни успеси, на сите првооделенци им посакувам среќен почеток на образованието, а на сите ученици им упатувам срдечни честитки за новата учебна година, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница, по повод почетокот на новата учебна година. “Секој училишен ден нека биде ваша нова можност за откривање на […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков: Охрид деновиве пулсира во спортски ритам

Охрид деновиве пулсира во спортски ритам. Вечерва свечено го означивме почетокот на ракометниот турнир “Крсте Андоновски”. Како никогаш претходно во овој период од сезоната имаме квалитетни спортски и културно забавни настани кои значајно влијаат на продолжување на туристичката сезона. Нашата замисла и цел е во иднина да организираме и поддржиме настани и манифестации од овој […]

Повеќе

Пецаков: Продолжуваат инвестициите во ОСУ „Св. Климент Охридски“, нова атмосферска канализација и хидрантска мрежа

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари. Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „СВ. […]

Повеќе