Амбасадорот на Франција, Бомгартнер, во посета на општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со полскиот амбасадор Гжелчик

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик. На средбата беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Градоначалникот го информираше амбасадорот дека благодарение на двете сезонски авиолинии од Варшава и Катовице кон Охрид,  значително е зголемен бројот на полските туристи во градот во текот на летната сезона. Двајцата […]

Повеќе

Пецаков за „Студио 10“: Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните

Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните, изјави за „Студио 10“ на Телевизија 24, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Тој посочи дека престојат многу манифестации и Охрид ќе остане главна туристичка атракција и ова лето, а плажите дефинитивно ќе ја збогатат понудата. “Имав многу тешкотии во овие година и пол, заради, би рекол […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработки во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија […]

Повеќе

Британскиот амбасадор Метју Лосон во официјална посета на Охрид

Британскиот амбасадор, Н.Е. Метју Лосон, денес, оствари официјална средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид. На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочува Охрид. Градоначалникот Пецаков истакна дека како Локална самоуправа се подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните […]

Повеќе

(ФОТО) Пецаков: Започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид

Денеска започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. Во оваа фаза предвидено да се асфалтираат 400 метри со ширина од 5,5 до 6 метри. Градежните активности ги изведува АД „Илинден“, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша градоначалникот Пецаков. […]

Повеќе

(ФОТО) Улицата “Марко Цепенков” во Охрид доби нов и современ лик

Денеска беше поставен завршниот слој асфалт на улицата “Марко Цепенков”. Асфалт се постави во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини. Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик. Вкупната вредност […]

Повеќе

Средба на градоначалникот Пецаков со австрискиот амбасадор Георг Вуцас

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата. Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи. Градоначалникот го запозна амбасадорот […]

Повеќе

Пецаков: Поради градежните активности на влезот на Охрид, туризмот губи многу

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во своето гостување во Студио 10 зборуваше за темата која беше викендот актуелна поврзана со Охрид, а тоа беше блокада на влезот на Охрид која се случи поради градежни активности. Имено Пецаков во врска со ова посочи дека со започнувањето на овие градежни активности сега пред почетокот на туристичката сезона, […]

Повеќе

Пецаков: Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла, 7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид

Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла.. Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација…7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој […]

Повеќе