Вработена во основно училиште во Охрид физички нападната од мајка на ученик

На 27.09.2023 во 11.20 часот во СВР Охрид, 55-годишна охриѓанка пријавила дека околу 10.35 часот на работното место во основно училиште во Охрид била физички нападната од охриѓанка, мајка на ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Охрид.

Повеќе

Воспоставени успешни партнерства за иден одржлив развој на руралните области на регионот на Охридското Езеро

Здружението на граѓани за рурален туризам, екологија и традиција – ОРТЕТ во партнерство со организациите Њу Импакт од Поградец, Балканија од Скопје и Лицеј од Белград, во изминатиот период од 4 месеци реализираше низа на проектни активности со финансиска поддршка на Фондот на Западен Балкан и Европската Унија, а во рамките на програмата за поддршка […]

Повеќе

Охрид домаќин на великанот во светскиот ракомет, екипата на Кил

Градот Охрид е одличен домаќин на великанот во светскиот ракомет, екипата на РК Кил, кој синоќа играше со македонскиот шампион РК Еурофарм Пелистер во рамките на Лигата на шампионите! Директорот на РК Кил, Виктор Шилаги, тренерот на екипата, Филип Јиха, и виртузот во ракометниот свет и капитенот на екипата, Домагој Дувњак, разговараа со градоначаникот Кирил […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со делегација од Полска

Градоначалникот Кирил Пецаков, синоќа оствари плодотворна средба со делегација на Република Полска. Полската делегација беше составена од владини претставници, претставници на бизнис заедницата и стопанската комора. На состанокот исто така беа присутни и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција […]

Повеќе

Нов режим на сообраќај на улицата „7ми Ноември“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот, дека, поради изведување на градежни активности, почнувајќи од денес 28.09, дел од улицата „7ми Ноември“ на потег од крстосницата со улицата „Марко Нестороски“ (кај Крст џамија) па се до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ (кај хотел „Кам“) ќе биде целосно забранета за сообраќај. Сообраќајот ќе се пренасочи по улицата […]

Повеќе

Охриѓанец се обидел да предизвика пожар во казино на улица „Абаз Емин“

На 25.09.2023 во 20.35 часот на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишен охриѓанец. Околу 20.20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот. Тој бил задржан во полициска станица и по […]

Повеќе

Времето денеска сончево со мала облачност, температурата во Охрид до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 30 степени. Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ никако да го реконструира угостителското училиште за учениците да почнат настава со физичко присуство

Колку СДСМ се грижи за образованието и каков е нивниот влог во образованието ни кажува фактот дека тие никако не можат да ги реконструираат угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и ученичкиот дом за ученииците да почнат настава со физичко присуство и да бидат сместени во домот. Успеавте само да го направите штаб на СДСМ преку партиските […]

Повеќе

Мицкоски: Ќе ве разбиеме сите на купче и СДС и ДУИ, цунами ќе ви се случи, ќе ве оддува торнадо, затоа што позади нас стои народ

„Ги слушам оние прозивки од СДС дека сме биле разединети и со конфликти, тие кои не смеат ниту името на нивниот поранешен претседател да го кажат. Епа еве една порака до нив и до нивните лакеи и до сите оние подлизурковци кои што мислат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин ќе се раздели ќе се подели […]

Повеќе

23-годишник од охридско со огнено оружје се заканувал на поранешната девојка

На 23.09.2023 во 18.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 23-годишник од охридско затоа што со огнено оружје се заканувал на неговата 23-годишна поранешна девојка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Повеќе