Романо Проди во Охрид ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019

Општо

Романо Проди, поранешниот претседател на Европската комисија и поранешен премиер на Италија, денеска во Охрид ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019 година.
Наградата ја додели Охридската академија на хуманизмот, а ќе ја понесе за неговото визионерство и придонес во градењето на европската идеја.
Свечената церемонија на врачување на Светската награда за хуманизам ќе се одржи во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

Please follow and like us: