Здружението „Цар Борис III“ избришано од Централниот регистар

Охрид

Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис III“ со седиште во Охрид, денеска е избришано од Централниот регистар.

Како образложение е наведено неусогласеност на името и/или називот, скратено име, програмата, целите и дејностите, согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

Министерот за правда Кренар Лога неодамна го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис III“ во Охрид. 

Please follow and like us: