Охриѓанец тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Македонија Охрид Црна хроника

На 17.04.2023 во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с.Студеничани, скопско и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged