Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ успешно ја заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева.

Општо Охрид

🔧🏟️ Продолжуваме со унапредување на спортската инфраструктура! Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ успешно ја заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност.

Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови.

👉 Со овие активности, продолжуваме со реализација на нашата мисија за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите спортисти и граѓани на Охрид.

📌 Инвестициите продолжуваат. #БилјаниниИзвори #Охрид #СпортскаИнфраструктура #ИнвестирамеВоСпортот

Please follow and like us: