Охриѓанец кривично пријавен за „Убиство во обид“ – со нож нападнал сограѓанин на „Партизанска“ улица

Охрид Црна хроника

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против (19) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 година во 05.10 часот, во продажен објект а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал (20) од Охрид. Напаѓачот веднаш беше лишен од слобода а повредениот, со возило на Итната медицинска помош беше префрлен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.

Please follow and like us: