На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија (29) и (31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Please follow and like us:

