Малолетник нападнат од група врсници на „Партизанска“ во Охрид

Охрид Црна хроника

На 14.03.2026 година во 10.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник кој потоа, со возило на Итната медицинска помош, бил пренесен во Општата болница во Охрид. Во врска со настанот, во СВР Охрид повикани се неколку малолетни лица од Охрид и во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Please follow and like us: