ЈП „Билјанини Извори“ информира дека од денес (3 јули) Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ официјално ја започнува летната сезона.
Базенот ќе работи секој ден од 08:00 до 19:00 часот, додека пливачките школи ќе започнат со работа од 6 јули (понеделник). Обуките ќе се одржуваат во термините од 08:00 до 13:00 часот и од 17:30 до 19:00 часот (во малото корито).
Од ЈП „Билјанини Извори“ ги повикуваат граѓаните и посетителите да ја искористат можноста за рекреација и спорт во текот на летната сезона, а најмладите да им се приклучат на пливачките школи и под стручен надзор да ги направат своите први пливачки чекори.
Please follow and like us:

