Пецаков во Будва: Спортот ги зацврстува врските меѓу Охрид и Будва

Охрид Свет Спорт

радоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, за време на посетата на збратимениот град Будва.

Посетата се одвиваше во рамки на ракометниот натпревар меѓу РК Будванска ривијера и ГРК Охрид, кој беше уште една можност за продлабочување на пријателските односи меѓу двата града.

Пецаков истакна дека спортот претставува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето и заедниците.

„Ривалството и борбеноста остануваат на теренот, додека пријателството, меѓусебната почит и силните врски помеѓу Охрид и Будва продолжуваат да растат надвор од него“, порача Пецаков.

Please follow and like us: