Колумна на Слободан ТОМИЌ – Портрети на моќта. Лицето зад функцијата – Серијал на Слободан Томиќ

Македонија

ВОВЕД ВО СЕРИЈАЛОТ
КОГА МОЌТА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ОГЛЕДАЛОТО

Триесет и пет години независна Македонија.
Триесет и пет години политика.
Триесет и пет години избори, влади, опозиции, победи, порази, ветувања, разочарувања и надежи.
Во овие три и пол децении се сменија многу лица.
Се сменија влади.
Се сменија партии.
Се сменија политички сојузи.
Но едно прашање остана исто:
Што оставија зад себе оние што ја имаа моќта?
Затоа го отвораме серијалот:

ПОРТРЕТИ НА МОЌТА
ЛИЦЕТО ЗАД ФУНКЦИЈАТА

Ова не е серијал за митови.
Не е серијал за идоли.
Не е серијал за политичко пресметување.
И не е серијал во кој некого однапред ќе го прогласиме за херој или за виновник.
Ова е серијал за луѓето зад функциите.
За лидерите кои во одреден момент од историјата добиле можност да одлучуваат за милиони човечки судбини.
За нивните одлуки.
За нивните победи.
За нивните грешки.
За нивната храброст.
За нивните слабости.
За луѓето што ги избрале.
Но и за луѓето што ги разочарале.
Зашто политичката функција е привремена.
Историјата не е.

НЕ ГИ МЕРИМЕ ПО ЗБОРОВИТЕ

Политичарите често ги паметиме по говорите.
Историјата ги памети по делата.
Еден лидер може да одржи илјадници говори.
Но ако зад него не остане дело, зборовите исчезнуваат.
Еден лидер може да има огромна популарност.
Но ако зад него остане разорена доверба, времето ќе го измери.

Еден лидер може да биде жестоко напаѓан.
Но ако оставил нешто вредно, времето ќе го покаже тоа.
Затоа во овој серијал нема да прашуваме само:
„Што зборуваше?“
Ќе прашуваме:
„Што направи?“

ВРЕМЕТО Е НАЈСТРОГИОТ СУДИЈА

Политиката има свои судови.
Изборите имаат свои бројки.
Медиумите имаат свои наслови.
Социјалните мрежи имаат свои пресуди.
Но постои еден судија кој не може да се купи, да се заплаши или да се партизира.
Времето.
Времето покажува што било вистина.
Што било грешка.
Што било храброст.
Што било политички маркетинг.
И што било историска заблуда.
Затоа секој портрет во овој серијал е обид да се погледне човекот надвор од дневната политика.
Без партиски очила.
Без страв.
Без омраза.
Но и без слепа наклонетост.

МОЌТА НЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА

Кога еден човек ќе дојде на власт, тој добива нешто што обичниот граѓанин го нема.
Моќ да одлучува.
Моќ да потпишува.
Моќ да назначува.
Моќ да менува.
Моќ да влијае врз животите на другите.
Но со секоја моќ доаѓа и одговорност.
Колку е поголема моќта, толку е поголема одговорноста.
И токму затоа ќе ги поставуваме најтешките прашања.
Не за да понижиме.
Туку за да измериме.

КОЈ ОСТАНУВА?

На крајот од секој мандат останува едно прашање:
Што остана зад него?
Останаа ли подобри институции?
Остана ли подобар живот?
Остана ли поголема сигурност?
Остана ли повеќе правда?
Остана ли повеќе доверба?
Остана ли посилна држава?
Или останаа само поделби, долгови, скандали и разочарувања?
Тоа е суштината на овој серијал.
Да не ги гледаме лидерите само низ нивните функции.
Да ги погледнеме низ нивното наследство.

ЛИЦЕТО ЗАД ФУНКЦИЈАТА

Зашто зад секој премиер стои човек.
Човек со карактер.
Со амбиции.
Со стравови.
Со слабости.
Со луѓе околу себе.
Со пријатели.
Со противници.
Со оние што му ја зборуваат вистината.
Но и со оние што му кажуваат само она што сака да го слушне.
И токму таму почнува вистинскиот портрет.
Не во кабинетот.
Туку во карактерот.

СЕДУМ ЛИДЕРИ. ЕДНА ИСТОРИЈА.

Во овој серијал ќе ги отвораме портретите на луѓето кои оставија најсилна трага врз македонската политика во последните децении.

Христијан Мицкоски.

Венко Филипче.

Изет Меџити.

Максим Димитриевски.

Али Ахмети.

Димитар Апасиев.

И лидерите кои ја одбележаа претходната етапа на ВМРО-ДПМНЕ:

Љубчо Георгиевски.
Никола Груевски.

СДСМ:

Бранко Црврнковски
Владо Бучковски
Зоран Заев

Различни луѓе.
Различни карактери.
Различни политики.
Различни визии.
Но една држава.
Македонија.
И една заедничка одговорност:
Што направија со моќта што им беше дадена?

ПРВ ПОРТРЕТ

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ
ЧОВЕКОТ КОЈ ДОЈДЕ ПО БУРАТА

„Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи.“


Христијан Мицкоски
Слободан ТОМИЌ

Пишува: Слободан ТОМИЌ

НЕ Е ПОРТРЕТ НА ФУНКЦИЈАТА. ТУКУ НА ЧОВЕКОТ.

Во политиката најлесно е да се напише пофалба.
Уште полесно е да се напише осуда.
Најтешко е да се напише портрет.
Зашто портретот не треба ниту да го разубавува човекот, ниту да го уништува.
Треба да го покаже.
Да го стави пред јавноста онаков каков што е, со силните страни, со слабостите, со победите, со грешките, со одлуките и со товарот што го носи функцијата.
Затоа ова не е галерија на пофалби.
Но не е ниту политичка егзекуција.
Ова е обид да ги измериме луѓето што ја носат моќта според најтешката мерка:
времето, одлуките, резултатите и одговорноста.
Првиот портрет е човекот кој денес ја носи најодговорната политичка функција во државата.
Христијан Мицкоски.

ПРОФЕСОРОТ

Христијан Мицкоски не влезе во политиката како класичен партиски професионалец.
Доаѓа од академската и инженерската средина.
Професор.
Инженер.
Човек навикнат на формули, системи, пресметки и решенија.
Во декември 2017 година е избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2021 година повторно е избран на чело на партијата.
По години опозиција, политички удари, изборни порази и внатрепартиски притисоци, неговата партија победува на парламентарните избори во 2024 година.
На 23 јуни 2024 година е избрана новата Влада, на чело со Христијан Мицкоски.
Од тој момент професорот повеќе не управува само со политичка партија.
Тој управува со држава,а тоа е сосема друга работа.

ОПОЗИЦИСКАТА ШКОЛА

Мицкоски помина долг пат во опозиција.
Тоа е школа што остава трага.
Опозицијата те учи како да ја критикуваш власта.
Власта те учи како да ја носиш одговорноста.
Разликата е огромна.
Кога си опозиција, можеш да кажеш:
„Јас би направил поинаку.“
Кога си премиер, народот прашува:
„Зошто не направи?“
Токму тука започнува вистинскиот тест за Мицкоски.
Не во говорницата.
Не на митингот.
Не во партиската сала.
Туку во реалниот живот.
Во економијата.
Во правдата.
Во институциите.
Во болниците.
Во училиштата.
Во секојдневието на човекот кој нема политичка функција, нема партиска книшка и нема човек што ќе му ја отвори вратата.

ПОБЕДАТА

Победата на избори е голема политичка работа.
Но победата на избори не е конечна победа.
Таа е почеток на одговорноста.
Граѓанинот може да ти даде доверба.
Но не ти дал право на ароганција.
Може да ти даде мандат.
Но не ти дал право на самозаборав.
Може да те постави на власт.
Но не ти дал право да заборавиш дека власта е временска, а државата е трајна.
Тоа е најголемата разлика меѓу политичарот и државникот.
Политичарот мисли до следните избори.
Државникот мисли до следната генерација.

„НЕ СУМ НАИВЕН“

Во една од своите јавни изјави во 2026 година, Мицкоски зборуваше за толеранцијата, почитта кон луѓето и разбирањето на човечките слабости.
Но испрати и друга порака:
дека толеранцијата не значи наивност.
Тоа е важна разлика.
Зашто државата не може да биде водена ниту со омраза, ниту со наивност.
На човек треба да му се даде шанса.
Но системот мора да има граница.
Може да простиш грешка.
Но не смееш да простуваш корупција.
Може да разбереш слабост.
Но не смееш да дозволиш слабоста на поединецот да стане слабост на институцијата.
Може да покажеш човечност.
Но мора да покажеш и одговорност.

ЧИСТИОТ ОБРАЗ

„Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи.“
Оваа реченица не е само политичка порака.
Таа е политички тест.
Особено за оној што е на врвот.
Зашто колку повисоко се искачува човекот, толку повеќе луѓе гледаат во него.
И толку помалку простор има за грешка.
Премиерот не може да очекува граѓаните да бидат неми набљудувачи.
Тие имаат право да прашуваат.
Да критикуваат.
Да се сомневаат.
Да бараат отчет.
И да бараат одговор.
Чистиот образ не се брани со зборови.
Се брани со дела.

СИЛАТА

На Мицкоски не може да му се оспори една работа:
истрајноста.
Издржа долг опозициски период.
Издржа политички напади.
Издржа внатрепартиски притисоци.
Издржа потсмев.
Издржа обиди да биде политички потрошен.
И стигна до Владата.
Тоа е политичка сила.
Но секоја сила има и своја опасност.
Фирмата на силниот лидер не смее да стане фирма на непогрешливиот лидер.
Цврстината е доблест.
Тврдоглавоста не е.
Одлучноста е сила.
Самодоволноста е слабост.
Најсилниот лидер не е оној што никогаш не се премислува.
Најсилниот е оној што знае кога треба да каже:
„Погрешив.“

КОЈ Е ОКОЛУ ПРЕМИЕРОТ?

Ова е прашањето што секој лидер мора да си го постави.
Не само:
„Кој сум јас?“
Туку:
„Кои се луѓето што стојат околу мене?“
Историјата на политиката е полна со лидери кои не паднале поради своите противници.
Паднале поради луѓето што им шепкале на уво.
Посредници.
Фиксери.
Луѓе кои продаваат пристап.
Луѓе кои создаваат впечаток дека без нив ништо не може.
Луѓе кои го филтрираат народот пред да стигне до лидерот.
Тука секој премиер мора да биде внимателен.
Зашто народот не ја гледа секогаш разликата меѓу лидерот и оние што се околу него.
За народот, тие се неговото лице.
Затоа:
погрешниот човек покрај премиерот може да направи поголема штета од најгласниот противник пред премиерот.

СЛУЧАЈОТ СО ВЛАДИНИОТ ВОЗАЧ

На почетокот на септември 2026 година во јавноста одекна случајот со вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој беше приведен под сомнение за барање поткуп поврзан со посредување за вработување.
Случајот мора да се остави на институциите.
Сомнението не е пресуда.
Обвинението не е правосилна пресуда,а човекот има право на законска постапка и одбрана.
Но политичката порака е многу поширока.
Ако некој навистина се обидува да ја продава државната служба за пари, тогаш тоа не е само индивидуален морален пад.
Тоа е удар врз институцијата.
Затоа истрагата треба да одговори на најважното прашање:
Дали станува збор за изолиран случај или за нешто пошироко?
И уште поважно:
Ако некој продавал влијание, кој му верувал дека може да го направи тоа?
Тука нема место за заштита.
Нема место за партиска книшка.
Нема место за пријателство.
Нема место за „наш човек“.
Ако има вина — нека има одговорност.
Без разлика кој е човекот.

НЕМА НЕДОПИРЛИВИ

Вистинската борба против корупцијата не се мери со бројот на апсења.
Се мери со тоа дали системот е еднаков за сите.
Ако член на владејачка партија направи престап, мора да одговара.
Ако функционер направи престап, мора да одговара.
Ако опозиционер направи престап; мора да одговара.
Ако богат човек направи престап, мора да одговара.
Ако сиромав направи престап, мора да одговара.
Законот не смее да има партија.
Законот мора да има еднаква тежина.
Само тогаш граѓанинот ќе поверува дека државата е негова.

ДОЛГОТ

Една од најсериозните теми за секоја влада е јавниот долг.
Во септември 2026 година опозицијата излезе со тврдења за ново задолжување од околу 1,3 милијарди евра и јавен долг што се приближува до 12 милијарди евра.
Тоа се политички тврдења на СДСМ, кои мора да се разграничат од официјалните статистички податоци и методологијата по која се пресметува јавниот долг.
Но суштината на прашањето останува.
Државата не живее од политички соопштенија.
Живее од пари,а секој позајмен денар е обврска на идните генерации.
Во исто време, Министерството за финансии предупредува дека во 2027 година доспеваат обврски од речиси 1,5 милијарди евра.
Затоа прашањето не е само:
„Кој се задолжувал?“
Туку:
„За што се трошеле парите?“
Ако се задолжуваме за развој, мора да има развој.
Ако се задолжуваме за инфраструктура, мора да има инфраструктура.
Ако се задолжуваме за раст, мора да има раст.
Но ако се задолжуваме за да ја одржуваме политичката администрација, да крпиме дупки и да преживуваме од денес до утре, тогаш сметката ќе ја плаќаат оние што денес немаат право на глас.
Нашите деца.
Нашите внуци.

НЕ МОЖЕ СЕКОГАШ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД НАСЛЕДСТВОТО

Секоја нова власт наследува нешто.
Пари.
Долгови.
Институции.
Проблеми.
Договори.
Одлуки.
Но наследството не може да биде вечен изговор.
Во еден момент власта мора да престане да зборува за тоа што наследила и да почне да зборува за тоа што создала.
Зашто граѓанинот не гласа за минатото.
Гласа за иднината.

ПРЕТХОДНИЦИТЕ

Пред Мицкоски стоеја други лидери на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерството на Љубчо Георгиевски ја означи првата голема политичка етапа на партијата и создавањето на државните структури во првите години на независноста.
Подоцна дојде Никола Груевски, со долг период на владеење, големи инфраструктурни проекти, силна партиска организација, но и со сериозни политички контроверзии и судири што оставија длабоки траги во македонското општество.
Од секој претходник се наследува нешто.
Но ниту еден наследник не е должен да ги повторува туѓите грешки.
Токму тука е историскиот тест за Мицкоски.
Да не биде копија на никого.
Да биде свој.

МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски е лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Но како премиер тој има друга обврска.
Да биде премиер на сите граѓани.
И на оние што гласале за него.
И на оние што не гласале.
И на оние што го поддржуваат.
И на оние што секојдневно го критикуваат.
Тоа е демократската тежина на функцијата.
Партијата бара лојалност.
Државата бара одговорност.
Лидерот на партијата може да размислува партиски.
Премиерот мора да размислува државнички.
Кога ќе влезе во Владата, човекот не смее да носи само партиска боја.
Мора да ја носи бојата на државата.

ШТО МУ ПРИЗНАВАМЕ?

Му ја признаваме истрајноста.
Му ја признаваме политичката издржливост.
Му ја признаваме способноста да преживее долг период на опозиција.
Му ја признаваме одлучноста.
Му ја признаваме цврстината.
Но токму затоа од него треба да се бара повеќе.
Не помалку.
Зашто оној кому му е дадена голема моќ мора да носи и голема одговорност.

ШТО МУ ДОЛЖИ МИЦКОСКИ НА НАРОДОТ?

Не спектакл.
Не политички театар.
Не вечни обвинувања кон минатото.
Туку:
работа.
чесност.
правда.
одговорност.
институции.
ред.
почит кон човекот.
И пред сè, храброст.
Храброст да се пресече таму каде што треба.
И кога проблемот е кај противникот.
И кога проблемот е кај сопствениот човек.
Зашто вистинската храброст не е да го нападнеш непријателот.
Вистинската храброст е да му кажеш „не“ на својот човек кога знаеш дека греши.

НЕМА НИШТО НЕДОСТОИНСТВЕНО ВО КОРЕКЦИЈАТА

Ниту еден лидер не е безгрешен.
Ниту еден премиер не може да знае сè.
Ниту еден кабинет не може да биде совршен.
Затоа корекцијата не е слабост.
Корекцијата е зрелост.
Ако една политика не дава резултат, промени ја.
Ако еден човек не ја оправдува довербата, замени го.
Ако една одлука била погрешна, признај ја.
Ако некој околу тебе ја злоупотребува функцијата, тргни го.
Народот не бара совршени луѓе.
Бара чесни луѓе.

ОГЛЕДАЛОТО

Христијан Мицкоски денес е на врвот.
Но врвот е осамено место.
Од таму најмалку се слуша гласот на обичниот човек.
На врвот најчесто стигнуваат убавите информации.
Најмалку стигнуваат лошите.
Затоа секој лидер мора да има луѓе што ќе му кажат вистина.
Не само она што сака да го слушне.
Туку она што мора да го слушне.
Овој портрет не е напишан за да го брани Мицкоски.
Но не е напишан ниту за да го руши.
Напишан е за да му постави огледало.
А во огледалото секој човек мора да се погледне сам.

ПОСЛЕДНИОТ СУД

Ќе дојде ден кога Мицкоски нема да биде премиер.
Ќе дојде ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во опозиција.
Ќе дојде ден кога политичките слогани ќе бидат заборавени.
Ќе дојде ден кога изборните бројки ќе бидат само статистика.
Но ќе останат патиштата.
Ќе останат училиштата.
Ќе останат болниците.
Ќе останат институциите.
Ќе останат долговите.
Ќе останат законите.
Ќе остане начинот на кој државата се однесувала кон својот човек.
И ќе остане најважното:
дали Македонија била подобра кога си заминал отколку кога си дошол?
Тоа е единствената биографија што на крајот навистина вреди.

ОД БУРАТА ДО ИСТОРИЈАТА

Христијан Мицкоски дојде по бурен период.
По години поделби.
По тешки политички конфликти.
По разочарувања.
По длабока недоверба во институциите.
По години во кои многумина престанаа да веруваат дека политиката може да биде служба.
Затоа неговата задача е поголема од победата на една партија.
Тој има можност да покаже дека власта може да биде поинаква.
Но можноста сама по себе не е успех.
Успехот ќе го измери времето,а времето не гласа за никого.
Времето не се плаши од никого.
И времето не простува ништо.
НА КРАЈОТ…
На крајот не останува премиерот.
Не останува партијата.
Не останува функцијата.
Не останува кабинетот.
Не остануваат службените автомобили.
Не остануваат протоколите.
Останува државата.
Останува народот.
Остануваат делата.
И останува споменот.
Затоа, Христијан Мицкоски, кога еден ден ќе се затвори вратата на Владата зад тебе, нема да биде важно колку пати си бил нападнат.
Нема да биде важно колку говори си одржал.
Нема да биде важно колку политички противници си победил.
Ќе биде важно нешто многу поедноставно.
Што направи за Македонија?
Дали ја направи посилна?
Дали ја направи поправедна?
Дали ја направи почесна?
Дали човекот повторно почна да верува во институциите?
Дали младите добија причина да останат?
Дали оние што си заминале добија причина да се вратат?
Дали државата стана посигурна за своите граѓани?
И, најважно од сè:
Дали ја зачува довербата што народот ти ја даде?
Зашто власта е привремена.
Мандатот е ограничен.
Функцијата поминува.
Но Македонија останува.
И затоа секој премиер, без разлика на име, партија и време, треба да го знае најтешкиот закон на политиката:
Не си дојден да бидеш поголем од државата.
Дојден си да направиш државата да биде поголема од тебе.

ПОРТРЕТИ НА МОЌТА
ЛИЦЕТО ЗАД ФУНКЦИЈАТА
ПРВ ПОРТРЕТ: ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ
9 СЕПТЕМВРИ 2026
Автор и водител:
СЛОБОДАН ТОМИЌ

Please follow and like us: