Нови инвестиции за подобрување на наставата во ООУ „Христо Узунов“

Охрид

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во придружба на своите најблиски соработници, денеска изврши увид на дел од реализираните инвестиции во ООУ „Христо Узунов“, со кои се подобруваат условите за учениците и наставниот кадар.

Од 2023 година до денес, во ова основно училиште се инвестирани вкупно 12.522.926 денари, односно приближно 200.000 евра. Од нив, 7.225.060 денари, или околу 120.000 евра, се инвестирани само во текот на 2026 година.

Во текот на оваа година реализирани се повеќе значајни зафати, меѓу кои реконструкција и уредување на училници, обновивање на подот во холот, реконструкција на информатичката училница, набавка и поставување интерактивни табли, поставување нови внатрешни врати, реконструкција на потпорните ѕидови, како и замена на парните котли.

Посебно внимание е посветено и на уредувањето на сензорната соба, со што се создаваат подобри услови за учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Во изминатите години во училиштето е реализирана и набавка на комплетно нов училишен инвентар, смарт табли, машини за чистење и друга опрема и средства кои придонесуваат за подобрување на условите за одвивање на наставата.

НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ – Ohrid.gov.mk

Please follow and like us: