Кокаин и марихуана пронајдени кај 39-годишник од Лескоец – СВР Охрид поднесе кривична пријава

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (39) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид кај него и во неговиот автомобил „волво“ со охридски регистарски ознаки,  пронајдоа и одземаа кокаин и марихуана.

Please follow and like us: