Одбележани 110 години од Охридското востание

По повод 110 години од Охридското востание, делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-обележјето на востаниците во селото Велгошти. Свежо цвеќе положија и претставници на Подрачното одделение на Државниот архив, Охрид; Месната заедница на село Велгошти; здруженија и политички партии. Охридското востание се одржало во септември 1913 година, еден месец по потпишувањето […]

Повеќе

Градежна офанзива на општина Охрид

Изминативе денови општина Охрид започна со градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“, која опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори, комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента. Во текот на вчерашниот […]

Повеќе

Охриѓанец лишен од слобода бидејќи се обидел да поткупи полициски службеници

На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 59-годишен охриѓанец. Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против […]

Повеќе

64-годишен охриѓанец одзел паричник од друго лице во маркет во Охрид

На 09.09.2023 полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Б.(64) од Охрид, кој претходно, во маркет на улицата „Егејска“ во Охрид, одзел паричник од друго лице. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повеќе

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Во честитката се вели: “8 Септември е силно врежан во нашиот национален код, а идеалите за слободна и независна Македонија остануваат вечни. Борбата за Македонија никогаш не запира, особено не сега, кога ни се негираат идентитетот, јазикот […]

Повеќе

ООУ„Кочо Рацин” – Охрид добитник на плакета eTwinning School

„Кога тимски се работи и се има поддршка од раководството успехот е неминовен”. – вели наставничката Силвана Крстеска која е наставничка по математика во основното училиште Кочо Рацин  и eTwinning амбасадор во Македонија. Нашето училиште е добитник на плакетата eTwinning School, а со тоа и официјално е признато на европско ниво како модел училиште за […]

Повеќе

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните на Охрид.  – 8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава. Овој празник е ден за заедничка радост и споделување […]

Повеќе

Бигорскиот манастир ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава

Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод свештената бигорска обител ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето започнува на 10 септември (недела) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои игуменот на бигорската обител, неговото Преосвештенство, […]

Повеќе

Двајца охриѓани повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишен охриѓанец, излетало од патот. Притоа, возачот и сопатникот 19-годишен охриѓанец се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид […]

Повеќе

Успешно прво издание на Ohrid Water Festival

Сите 17 спортски настани на вода кои се одржуваа во рамки на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival поминаа успешно, а сите настани од социјално-забавниот дел на манифестацијата привлекоа големо внимание кај публиката. Ова беше потенцирано на заедничкиот состанок на организациониот тим на фестивалот и одговорните во спортските клубови, кој се одржа […]

Повеќе