Четири лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот […]

Повеќе

Тројца охриѓани повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки […]

Повеќе

Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид. “Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по […]

Повеќе

Тошковски: Ќе преземеме мерки СВР Охрид да биде префрлен во касарната, а на местото на постоечкиот објект да се изгради катна гаража и парк

При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 […]

Повеќе

Тепачка помеѓу 21-годишен и 62-годишен охриѓанец пред угостителски објект

На 12.04.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се двајца охриѓани на возраст од 21 и 62 години. Тие, претходно пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан […]

Повеќе

Тепачка помеѓу малолетници во центарот на Охрид

На 07.04.2024 во 01.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 06.04.2024 околу 23.30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, по претходна расправија, настанала физички пресметка помеѓу неколку малолетници, која продолжила и на булеварот „Туристичка“, при што се вклучиле и други лица. “Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе […]

Повеќе

Тројца загинати и четворица повредени во сообраќајна несреќа во Кичево

На 29.03.2024 во 04.50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол. Од здобиените повреди на […]

Повеќе

19-годишна охриѓанка, ученичка во средно училиште, фатена при извршување кражба

На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид. Имено, 19-годишна охриѓанка, ученичка во средно училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од […]

Повеќе

Двајца охриѓани заработија кривични, едниот за „убиство во обид“, другиот за „помагање“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија […]

Повеќе

Жена паднала од зграда во Охрид, лишени од слобода две лица

Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се […]

Повеќе