Охриѓанец бил физички нападнат и му биле одземени пари

На 24.04.2023 во СВР Охрид било пријавено дека во кругот на ЈЗУ – Општа болница Охрид, П.К.(25) од Охрид бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во билтенот на СВР Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

22-годишна охриѓанка била истепана од нејзиниот невенчан сопруг

На 17.04.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, 22-годишна жена од Охрид пријавила дека 16.04.2023 околу 20.30 часот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Д.П. од Охрид.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

Охриѓанец и скопјанец се степале пред казино во Охрид

На 15.04.2023 година во 18,55 часот, пред казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, Ж.В.(30) од Скопје и Н.К.(30) од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се приведени во полициска станица и против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow […]

Повеќе

Двајца охриѓани се степале во Градскиот пазар во Охрид

На 12.04.2023 во 18.40 часот во Градскиот пазар во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С. врз К.Ч., двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

32-годишен охриѓанец ја истепал сопругата

На 10.04.2023 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 32-годишен охриѓанец кој, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.  Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир, а потоа бил агресивен кон полициските службеници

На 07.04.2023 година во 15:30  часот, во СВР Охрид приведен е 62-годишен охриѓанец кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир, а потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна  пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and […]

Повеќе

Малолетник бил истепан од тројца малолетници во кругот на средно училиште во Охрид

На 05.04.2023 во 21.40 часот, Д.Ј.(50) од Охрид пријави дека, во кругот на средно училиште во Охрид, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

Во болницата ,,Св. Еразмо” со тешки повреди бил донесен стружанец кој претходно бил нападнат со тврд предмет во селото Орман

На 03.04.2023 во 10.45 часот во СВР Охрид, од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”, пријавено е дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(42) од Струга. Според пријавеното, на 02.04.2023 во селото Орман. А.И. бил нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Please […]

Повеќе

За 6 часа санкционирани 32 возачи во Охрид

На 02.04.2023 во периодот од 12 до 18 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 32 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, од кои 21 надвор од населено месо и 11 во населено место, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Неексплодирана бомба извадена од водите на Охридското Езеро, во близина на градското пристаниште

На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна. Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please […]

Повеќе